Македонија

Ахмети: Македонците можат да напредуваат само ако се во добри односи со Албанците, во спротивно ќе ги проголтаат!

Ахмети: Македонците можат да напредуваат само ако се во добри односи со Албанците, во спротивно ќе ги проголтаат!

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска на 23-годишнината од Охридскиот мировен договор во организација на Европскиот фронт, истакна дека Македонците можат да напредуваат само доколку се во добри и хармонични односи со Албанците.

Како што вели, во спротивно ќе бида проголтани од Србите, Бугарите и Грците.

„Македонците можат да напредуваат само доколку се во добри и хармонични односи со Албанците, во спротивно ќе ги проголтаат Србите, Бугарите и Грците. Ова што ви го кажувам овде вам, им го имам кажано на политички претставници на македонската заедница, само со нас, во соработка, со соживот со нас можат да ја зачуваат историјата и националниот идентитет. Во спротивно, ќе бидат предодредени да не постојат воопшто“, додава Ахмети.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни