Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој допатува во посета на Израел, изјави денеска дека сега е „одлучувачки момент“ во преговорите за прекин на огнот во Газа и дека најновиот дипломатски притисок на Вашингтон за постигнување договор меѓу Израел и Хамас е веројатно најдобриот, можеби последна шанса заложниците да се вратат дома.
Ова е десетта посета на Блинкен на регионот на Блискиот Исток од почетокот на војната во Појасот Газа, а ќе ги посети и Египет и Катар, соопшти Стејт департментот.