Се случи масакр во СРЕДНОто училиште во Сански Мост во Босна и Херцеговина. Полицијата потврди дека во нападот загинале директорот на училиштето, секретарот и еден наставник.
Како што пренесува Дневни аваз, напаѓачот е училишниот чувар кој со автоматска пушка пукал во директорот, секретарот и професорот.
„Пукањето се случило во 10:15 часот. Неидентификувано лице со огнено оружје уби тројца вработени во училиштето. После тоа најверојатно се обидел да си пресуди и се здобил со тешки физички повреди. на лице место“, изјави Аднан Бегановиќ, портпарол на МУП на Унско-санската жупанија.