Бразилската покраина Сао Паоло во петокот вечерта соопшти дека шумските пожари им се закануваат на 30 нејзини градови, додавајќи дека две лица загинале во индустриска фабрика во обид да го локализираат пламенот.
Градовите беа погодени од суво и топло време во последните денови, се вели во соопштението на владата, кое исто така предупреди дека шумските пожари може брзо да се шират поради налетите на ветерот, што потенцијално ќе уништи големи површини со природна вегетација.
23 Ağustos 2024 São Paulo Brezilya 🇧🇷
🔥 pic.twitter.com/UuV7dAKEcR— Hermes (@hermesisos) August 24, 2024
Досега владата не извести дека пламените јазици директно стигнале до градот Сао Паоло, најнаселениот град во Латинска Америка со повеќе од 11 милиони жители.
Сепак, локалните медиуми објавија дека чад блокира делови од небото на главниот град на државата.
Владата соопшти дека двајца вработени во индустриска фабрика во градот Урупес загинале во петокот додека се гаселе со пожар, без да даде дополнителни детали.
Претходно истиот ден, Рајзен, најголемиот светски преработувач на шеќерна трска, рече дека индустриските операции во фабриката Сертаозињо се стопирани од четвртокот поради пожар во полињата со шеќерна трска што ја опкружуваат фабриката.
Државната влада на Сао Паоло формираше итна комисија за борба против пожарите, кои делумно или целосно блокираа 15 автопати.
Сезоната на шумски пожари во Бразил обично достигнува врв во август и септември.
Шумските пожари започнаа невообичаено рано оваа година во Пантанал, најголемото мочуриште во светот, кон крајот на мај, додека бројот на пожари во прашумите на Амазон се искачи на највисокото ниво во последните две децении во јули, покажаа владините податоци на почетокот на овој месец.