Свет

Американската војска во Сирија го уби водачот на група блиска до Ал Каеда

Американската војска во Сирија го уби водачот на група блиска до Ал Каеда

Американската војска го уби водачот на група блиска до Ал Каеда, Абу-Абд ал Рахман ал-Маки во цел напад во Сирија, соопшти Централната команда на американската армија (ЦЕНТКОМ). Во соопштението објавено на сајтот на ЦЕНТКОМ, се посочува дека Ал Рахман ал-Маки бил убиен во петокот и дека тој бил водач на групата Хурас ал-Дин, која е блиска до Ал Каеда, пренесува Танјуг.

Се вели дека Ал Рахман ал-Маки бил одговорен за надгледување на терористичките операции од Сирија. ЦЕНТКОМ додава дека останува посветена на трајниот пораз на терористите во својата област на одговорност кои им се закануваат на Соединетите Држави, нивните сојузници и партнери, како и на регионалната стабилност.

Хурас ал-Дин е група поврзана со Ал Каеда со седиште во Сирија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни