Македонија

Европски фронт нема да гласа за интерпелација, но ќе ги даде своите забелешки за работата на Гаши!

Европски фронт нема да гласа за интерпелација, но ќе ги даде своите забелешки за работата на Гаши!

Пратеникот од редовите на Европскиот фронт, Блерим Беџети, пред почетокот на седницата за интерпелација на претседателот Африм Гаши во Собранието, рече дека како пратеничка група на ЕФ ќе ги дадат своите забелешки, но како што вели, нема да гласаат за интерпелацијата.

„Ќе ги дадеме нашите забелешки за работата на господинот Гаши, за интервјуто кое вчера кружеше, мислам дека треба да им се извини на Албанците и да се повлече од политичката сцена и повеќе да не биде претседател на Собранието. Но, ова ќе остане во неговата свест. Но, од принципиелни причини, за прашања што се покренати, ќе дебатираме за аргументите, но нема да гласаме за интерпелацијата“, изјави Беџети.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни