Во текот на денешниот ден, до 13:30 часот, има вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои активни се 6 и под контрола се 2.
АКТИВНИ: 6
Општина Прилеп: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец – с.Чумово – с.Селце – с.Лениште – с.Беловодица – с.Смолани – с.Дрен (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума);
Општина Чашка: Планина Мукос – с.Ораов Дол (активен), с.Оморани (локализиран), с.Степанци (под контрола) (ниска вегетација, мешана борова и липова шума);
Општина Петровец: с.Градманци – с.Брезница – с.Катланово (нискостебелста шума);
Општина Штип: с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак (нискостеблеста шума, смреки и сува трева);
Општина Чучер-Сандево: с.Танушевци, м.в.Рамно (мешана шума);
Општина Долнени: с.Десово (сува трева и мешана шума).
ПОД КОНТРОЛА: 2
Општина Крушево: Градска депонија (ѓубре);
Општина Делчево: Градска депонија (ѓубре).