Свет

Уапсено лицето кое пукаше во близина на Трамп – тајната служба верува дека тој бил метата!

Уапсено лицето кое пукаше во близина на Трамп – тајната служба верува дека тој бил метата!

Соработниците на американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп објавија дека во негова близина се слушнале истрели и дека тој е безбеден.

„Поранешниот претседател Трамп е безбеден по пукањето во негова близина. Засега нема дополнителни детали“, изјави портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чунг во изјавата во која не се дадени дополнителни детали, пренесе Си-Ен-Ен.

Тој играл голф во својот клуб во Вест Палм Бич, кој веднаш бил затворен по овој инцидент. Тајната служба го потврди настанот, како и дека Трамп е безбеден и се се случило во 14 часот по локално време.

Едно лице поврзано со инцидентот е приведено, изјави полициски извор за Си-Ен-Ен, а неколкумина потврдија дека членови на тајната служба пукале во осомничениот. Тие нагласија и дека веруваат дека Трамп бил цел на вооружениот маж. Но, со брза реакција е запрен потенцијалниот напаѓач, му е одземено оружјето и се врши распит.

Истрагата е во тек.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни