Свет

Снимките од камерата доведоа до бомбашот од Врачар: Се разговара со сведоци, еден од нив клучен во истрагата

Снимките од камерата доведоа до бомбашот од Врачар: Се разговара со сведоци, еден од нив клучен во истрагата

Полицијата во Белград на снимката од камерите се обидува да влезе во трага на лицето што ја фрли бомбата во ресторанот во Врачар.

Самиот објект нема видео надзор.

Како што претходно објавивме, вработен во ресторанот рано утринава се јавил во полиција велејќи дека пронашол сомнителен пакет и дека е скршено стаклото од ресторанот.

Полицијата, неофицијално, експлозивната направа ја однела на вештачење. Недалеку од неа е пронајдена таканаречена лажица и вистинско чудо е што не експлодирала.

За случајот е информирано и надлежното обвинителство.

Во рамки на истрагата, полицијата ќе изврши разговор со сопственикот на кафеаната, работникот кој пријавил и човекот кој бил гостин во кафеаната.

Неколку часа овој дел од градот беше под опсада на полицијата.

Истрагата ќе утврди дали ова било предупредување до сопственикот на кафеаната или се работи за претходно нерасчистени сметки.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни