Свет

„Опасните будали ги слушаат“: Трамп ги обвини Бајден и Харис дека со својата реторика поттикнуваат напади врз него

„Опасните будали ги слушаат“: Трамп ги обвини Бајден и Харис дека со својата реторика поттикнуваат напади врз него

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на ноемвриските избори, Доналд Трамп изјави дека „реториката“ на претседателот Џозеф Бајден и потпретседателката Камала Харис е она што предизвикува напади врз него, тој изјави за Фокс њуз, по вториот обид за атентат, во палката за голф Флорида во неделата, додавајќи дека осомничениот реагирал на „многу запален јазик“ што го користат демократите.

Осомничениот за нападот, Рајан Весли Раут, имал пушка калашников вперена низ плетената ограда на тревникот на теренот за голф, камера Го-Про и два ранци. Тој побегнал од местото на настанот, но бил запрен и уапсен на I-95.

Надлежните органи го третираат овој инцидент како „очигледен обид за убиство“ на Трамп.

„Тој веруваше во реториката на Бајден и Харис и постапи според неа“, рече Трамп, мислејќи на напаѓачот и продолжи:

Нивната реторика ги тера да пукаат во мене, а јас сум тој што ќе ја спаси државата, додека тие се тие што ја уништуваат државата и внатре и надвор.

Трамп потоа укажа на претходните коментари на Бајден и Харис во кои тој беше претставен како „закана за демократијата“, а тие како лидери на „единството“.

„Тие се спротивно од тоа. Тоа се луѓе кои сакаат да ја уништат нашата земја. Тоа се нарекува непријател од внатре. Тие се вистинска закана“, рече Трамп.

Републиканецот ги обвини демократите дека го нападнале со комбинација од гореспоменатата реторика и тужби кои имаат за цел да го „имплицираат“.

„Тоа се работите што опасните будали, како напаѓачите, ги слушаат“, рече Трамп.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни