Во живо Вонредно Ноќно студио 20:00 „Кризата со Алта Банка“ Гледај
Свет

Две лица загинаа од удар на гром во Турција, уште шестмина се повредени

Две лица загинаа од удар на гром во Турција, уште шестмина се повредени

Две лица загинаа, а шест се повредени откако гром удри во дрво под кое членови на три семејства се засолниле во лозје во Турција.

Имено, поради силниот дожд, членовите на семејствата Аџет, Ердоган и Белдек, кои береле грозје во лозје во областа Чешме, побарале засолниште под круната на блиското дрво, пишува Хаберлер 7-ми. Селим, Рамазан и Ебубекир Аџет, Лале, Лејла и Азизе Ердоган, Емин и Селахатин Белдек се повредени кога гром удрил во дрво под кое се засолнувале од силниот дожд. Екипи на брза помош и полицијата брзо пристигнале на местото на настанот. Брзата помош ги пренела повредените во државната болница во Ширнак, но, како што е соопштено, не успеале да ги спасат животите на Лала и Лејла Ердоган. Соопштено е и дека здравствената состојба на уште едно лице е многу тешка. По инцидентот започна истрага.

Дождовите што ја зафатија Турција го парализираа секојдневниот живот во многу градови, поплавена е болница во Трабзон, а затворени се и многу патишта низ земјата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни