Бројот на повредени по ударот на руската бомба ФАБ-250 во Харков се искачи на 21, изјави утрово шефот на таа регионална воена управа Олех Синехубов, пренесува Укринформ.
„ФАБ-250 беше употребен во напад на повеќекатница во која спиеја десетици жители. Најмалку 18 повредени, меѓу кои и тројца малолетници“, напиша Синехубов на Телеграм.
Претходните извештаи наведуваа дека 13 лица на возраст меѓу осум и 84 години се повредени во ноќниот напад.
Меѓу нив имало три деца, две се на 17, а едното осум години.
Шест лица се хоспитализирани, а 60 жители се евакуирани од станбениот блок.
Како што претходно објави Укринформ, руски беспилотни летала камикази синоќа ја нападнале Украина од север.