Свет

Први снимки од престрелката во САД: Убиени четири лица

Први снимки од престрелката во САД: Убиени четири лица

Најмалку четири лица загинаа, а повеќе од десет се повредени во масовно пукање во Бирмингем, Алабама. Полицијата по нападот ја опколи областа околу познат клуб во градот.

На местото на настанот пристигнаа бројни полициски, противпожарни и итни екипи.

Видеата кои кружат на социјалните мрежи покажуваат дека полициски патроли ја блокираат целата област околу местото на злосторството.

Малку по 23 часот во саботата, „неколку луѓе испукале повеќекратни куршуми во група луѓе“ во областа Фајв Поинт Југ, изјави полицаецот Труман Фицџералд од Бирмингем.

Кога полициските службеници пристигнале на местото на настанот, затекнале двајца мажи и една жена кои не реагирале, со прострелни рани. Четвртата жртва починала во болница.

Ниту еден осомничен досега не е уапсен.

Полицијата соопшти дека побарала во истрагата да се вклучи и ФБИ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни