Свет

Експлозија на рудник за јаглен во Иран: Бројката на загинати се искачи на 31

Експлозија на рудник за јаглен во Иран: Бројката на загинати се искачи на 31

Најмалку 31 лице загина, а 16 се повредени во експлозија на метан во рудник за јаглен во иранската провинција Јужен Хорасан, изјави денес министерот за внатрешни работи Ескандар Момени за иранските државни медиуми.

Момени рече дека 17 рудари сè уште се водат како исчезнати и дека засега не е позната нивната состојба бидејќи спасувачките екипи сè уште се на 400 метри од веројатната локација на несреќата, пренесе Ројтерс.

Се очекува утре да стигнат на местото на несреќата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни