Шест лица загинаа, а 10 се водат како исчезнати откако рекордните врнежи предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во делови од јапонската префектура Ишикава.
Градовите Ваџима и Сузу, кои сè уште се опоравуваат од разорниот земјотрес што ја погоди областа на 1 јануари, беа меѓу најтешко погодените од поплавите. Во неделата и двата града забележаа двојно поголема количина на дожд од вообичаеното за септември, објавија локалните медиуми.
Десетици реки се излеаја од коритата, отсекувајќи ги патиштата и изолирајќи повеќе од 100 заедници низ префектурата, се вели во извештаите. Околу 4.000 домаќинства останаа без струја во понеделникот, според Хокурику Електрик Пауер.
Две мртви лица се пронајдени во близина на тунелот погоден од одронот во Ваџима. Еден од нив бил градежен работник кој вршел поправки на патишта.
Меѓу другите жртви се двајца постари мажи и една постара жена, објави The Japan Times, повикувајќи се на локалните власти.