Свет

Израел насилно го нападна Либан: Бројот на загинати се искачи на 100, а 400 се повредени

Израел насилно го нападна Либан: Бројот на загинати се искачи на 100, а 400 се повредени

Бројот на загинати од израелските воздушни напади врз Либан се искачи на 100 лица, а 400 се повредени, соопшти во понеделникот либанското Министерство за здравство, ажурирајќи ги податоците од претходното соопштение.

Во нападите во јужен Либан од понеделникот наутро, беа повредени и деца, а некои беа убиени, соопшти Министерството.

Министерството претходно соопшти дека според првичната проценка загинале 50 лица, а 300 се повредени.

Израелската војска во понеделникот соопшти дека нападнала повеќе од 300 цели поврзани со Хезболах во Либан.

Израелската војска започна нови напади врз позициите на Хезболах во Либан, откако откри дека проиранската група се подготвува да го нападне Израел, изјави портпаролот на израелската војска.

Тој ги повика либанските жители да се држат настрана од тие места.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни