РЕПУБЛИКАНСКИОТ претседателски кандидат Доналд Трамп изјави денеска дека САД треба да се повлечат од војната во Украина и дека демократската потпретседател Камала Харис и претседателот Џо Бајден немаат намера да го сторат тоа.
„Бајден и Камала не воведоа во војната во Украина и сега не можат да не извлечат. Не можат да не извлечат“, рече Трамп во својот говор во државата Џорџија.
„Мислам дека сме заглавени во таа војна“
САД немаат воено присуство во Украина, но обезбедија милијарди долари воена и хуманитарна помош.
„Мислам дека сме заглавени во таа војна, освен ако не станам претседател. Ќе ја прекинам. Ќе преговарам и ќе излеземе. Мораме да излеземе. Бајден вели „ ние нема да си одиме додека не победиме.’ рече Трамп.