Американската полиција објави дека стрелале во предизборната канцеларија на американскиот потпретседател и кандидат на демократите, Камала Харис, во Аризона, само една недела по вториот обид за атентат врз Доналд Трамп.
Штетата од неколкуте истрели, испукани по полноќ во понеделникот, била откриена во канцелариите на Демократскиот национален комитет во населбата Темпи во Феникс, според локалната полиција, а пренесува Њујорк пост.
„Никој не беше во канцелариите во текот на ноќта, но ова предизвикува загриженост за безбедноста на оние што работат во зградата, како и за соседите,“ изјави портпаролот на полицијата, Рајан Кук.
Тој потврди дека полициските инспектори ги анализираат доказите собрани на местото на настанот и дека се преземени дополнителни мерки за зголемување на безбедноста на персоналот и другите луѓе кои работат и живеат во областа.
Засега, никој не е уапсен во врска со овој инцидент, соопшти Кук.