Македонија

Бурекот поевтини за пет денари

Бурекот поевтини за пет денари

Некои пекарници денес ја намалија цената на бурекот за 5 денари, така што сега еден четврт се продава за 70 до 75 денари.

Цената на јогуртчињата остана непроменета. Гевреците исто така поевтинија за 5 денари и сега се во ценовниот опсег од 20 до 25 денари, во зависност од понудата.

Промени има и кај цените на белите печива што се печат во маркетите, кои сега се пониски за 5 денари.

Овие намалувања следуваа по потсетникот од Горан Трајковски, директор на Државниот пазарен инспекторат, кој ги предупреди пекарите дека владината Одлука за ограничување на профитните маржи на трговците до 10 отсто се однесува и на бурекот, јогуртот и белите печива, по жалби од граѓаните дека бурекџиите не ја почитуваат мерката.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни