Во живо Вонредно Ноќно студио 20:00 „Кризата со Алта Банка“ Гледај
Свет

Средба Зеленски-Бајден: „Мора да победиме, заедно ќе победиме“

Средба Зеленски-Бајден: „Мора да победиме, заедно ќе победиме“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е во САД, каде зад затворени врати разговараше со сè уште актуелниот претседател Џо Бајден, а подоцна одржа и заедничка прес-конференција со Камала Харис. Џо Бајден му се заблагодари на Володимир Зеленски што го сподели неговиот „план за победа“, соопшти Белата куќа.

Двајцата лидери разговарале за военото финансирање и за долгорочната безбедност на Украина, се наведува во соопштението. „Ние стоиме со Украина сега и во иднина … Дозволете ми да бидам јасен. Русија нема да ја добие војната“, рече Бајден Володимир Зеленски во Овалната соба пред средбата зад затворени врати со Џо Бајден изјави: „Господине претседателе, ви благодариме за силната поддршка и одлука да ни помогнете да ја заштитиме Украина. Украина е нашиот дом. Длабоко цениме што Украина и Америка застанаа рамо до рамо од првиот момент … Вашата решеност е неверојатно важна за нас да ја надминеме војната … Мораме да го вратиме нормалниот живот и многу го цениме вашето лидерство … Имаме и 26 билатерални безбедносни договори со партнерите врз основа на Декларацијата за безбедност на Г7. Имаме силен безбедносен договор со САД, благодарни сме за тоа и целосно ќе го спроведеме. И многу е важно што ја споделуваме истата визија за безбедносната иднина на Украина во ЕУ и НАТО, а Украина на тој пат спроведува невиден број реформи. Денес имаме нов пакет за поддршка … Ова ќе биде голема помош.

Денеска поставив план за победа со претседателот Бајден. Се подготвуваме да разговараме за деталите за да го зајакнеме планот, да ги координираме нашите позиции … Ви благодариме за таа непоколеблива двопартиска поддршка и на целиот американски народ. Мора да победиме, заедно ќе победиме“, се вели во изјавата на Зеленски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни