Свет

Израел: Го убивме лидерот на Хезболах

Израел: Го убивме лидерот на Хезболах

Израелската армија соопшти дека го убила лидерот на Хезболах Хасан Насрала во напад на Бејрут.

Војската соопшти дека извршила прецизен воздушен напад за време на состанокот на раководството на Хезболах во неговото седиште во Дахија, јужно од Бејрут.

Се наведува дека во нападот биле убиени неколку команданти на Хезболах.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека шест лица загинале, а 91 е повреден во вчерашните напади во кои се урнале шест станбени згради.

Насралах го водеше Хезболах повеќе од три децении.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни