Свет

Трамп и Харис ја одбележуваат годишнината од нападот на Хамас врз Израел

Трамп и Харис ја одбележуваат годишнината од нападот на Хамас врз Израел

Претседателските кандидати на претстојните ноемвриски избори во САД, Доналд Трамп и Камала Харис денеска ќе ја одбележат првата годишнина од нападот врз Израел од страна на палестинските милитанти од движењето Хамас.

Трамп ќе им се обрати на лидерите на еврејската заедница во Мајами, додека Харис ќе разговара со новинарите и ќе засади калинка со својот сопруг во градината на потпретседателската резиденција во чест на 1.200 луѓе, меѓу кои и 46 американски државјани, кои беа убиени од милитанти предводени од Хамас во нападот на 7 октомври минатата година, пренесува АП.

Трамп ги обвини Камала Харис и американскиот претседател Џо Бајден за војната, тврдејќи дека нивната администрација го зајакнала Иран, во обид да ги искористи, како што пренесува АП, поделбите во Демократската партија, бидејќи т.н. прогресивното крило на таа партија протестира против воената кампања на Израел.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни