Оваа топла приказна доаѓа од ледениот Сибир.
Роми, четиригодишниот маламут и Андрејка, 10-месечно плишано мече се неразделни пријатели. Андрејка била спасена бидејќи останала сама во дивината, а потоа ја донеле во зоолошка градина во Сибир, во многу лоша состојба.
Таму го запознала Роми, а дружејќи се со него, си ги вратила силите и оживеала. Кога доволно ќе порасне, Андрејка ќе биде вратена во дивината.
А пред тоа ќе има многу време да се забавува и игра со својот најдобар пријател.