Свет

Донесена итна наредба: „Апсете го Путин!“

Донесена итна наредба: „Апсете го Путин!“

Главниот украински обвинител Андриј Костин денеска изјави дека добил разузнавачки информации дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да присуствува на самитот на Г20 во Бразил следниот месец и ги повика тамошните власти да издадат налог за негово апсење доколку тој се појави.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг (МКС) издаде налог за апсење на Путин во март 2023 година, околу една година по рускиот напад врз Украина, обвинувајќи го за воено злосторство депортација на деца, објави Ројтерс. Кремљ ја отфрли наредбата на МКС како ништовна.

На новинарско прашање дали е донесена одлука Путин да присуствува на состанокот на Г-20, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска на новинарите им рече дека тоа е негативно. „Кога ќе биде донесена одлуката, ќе ве информираме“, додаде Песков.

Украинскиот обвинител Костин рече дека е важно меѓународната заедница да биде обединета и да бара одговорност од Путин. Тој додаде дека обврска на бразилските власти врз основа на Римскиот статут, со кој е основан МКС, е да го уапсат Путин доколку се осмели да дојде на самитот.

Според него, ова ќе го докаже статусот на Бразил како демократска држава регулирана со закони, додека во спротивно тоа ќе биде преседан што значи дека лидерите обвинети за злосторства можат неказнето да патуваат. Бразил испрати стандардна покана до Путин за учество на самитот на Г20 во Рио де Жанеиро на 18-19 ноември, но не доби потврда за неговото доаѓање, изјавија двајца бразилски владини претставници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни