Кометата Цучиншан – Атлас синоќа беше фотографирана од страна на двајца фотографи во Скопје и во Битола.

Фотографот Ристе Спироски ја фотографираше кометата над главниот град. Над Пелистер, пак, фотографиите ги направи Ивона Кочов, како кометата заоѓа до врвот на Пелистер.

Кометата Цучиншан-Атлас е откриена од опсерватроијата „Purple Mountain“ во Кина на 9 јануари 2023 година, и пронајдена од системот АТЛАС во Јужна Африка на 22 февруари. На 27 септември оваа година стана видлива со голо око.
Најблиску до земјата беше на 12 октомври оваа година.