Свет

Зеленски: Русија не го прекинува својот терор врз Украина

Зеленски: Русија не го прекинува својот терор врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека Русија употребила повеќе од 1.100 воздушни бомби против Украина за една недела, како и дека извршила повеќе од 560 напади со беспилотни летала и околу 20 ракетни напади од различен тип.

„Русија не го прекинува својот терор врз Украина. Секојдневна е агресија врз нашиот народ, градови и села. Извршуваат удари со различни видови оружје“, напиша Зеленски на Фејсбук.

Истовремено, тој им се заблагодари на луѓето кои работат секојдневно и ноќе за да ги заштитат Украинците од руските напади и да им пружат помош, пренесе Укринформ.

– Одлучно работиме со нашите партнери за да го запреме непријателот, да ја зајакнеме Украина и да му обезбедиме максимална заштита на нашиот народ, со цел да го оневозможиме овој терор на Русија – рече украинскиот лидер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни