Македонија

ВИДЕО: Автобуси навивачи со полициска придружба доаѓаат во Битола за вечното дерби Пелистер-Вардар

ВИДЕО: Автобуси навивачи со полициска придружба доаѓаат во Битола за вечното дерби Пелистер-Вардар

Навивачките групи од Скопје пристигнуваат во Битола со автобуси под полициска придружба, подготвени за вечното дерби помеѓу Пелистер и Вардар.

Блокирани улици и стотина полициски служвеници распределени се и задолжени за мир на вечерашниот фудбалски натпревар Пелистер – Вардар.

Натпреварот е прв кој ќе се одигра под рефлектори на стадионот под Тумбе кафе, откако беше изградена и трибината, со што се исполнија и условите за гостински навивачи.

Очекувањата се високи, а атмосферата е веќе наелектризирана, бидејќи овој натпревар секогаш привлекува големо внимание и возбуда кај љубителите на фудбалот.

Со ова дерби, уште еднаш се потврдува ривалството и спортската страст што ги обединува, но и разделува овие две легендарни екипи.

Иако и двете екипи се на дното од табелата во ПМФЛ натпреварот тоа не го прави ни помалку неинтересен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни