Вулканот Лаки-лаки, кој се наоѓа на островот Флорес, популарна туристичка дестинација во источна Индонезија, еруптираше во неделата во 23:57 часот по локално време, исфрлајќи огнена црвена лава, вулканска пепел и вжештени карпи.
Властите во Индонезија го подигнаа статусот на вулканот на највисоко ниво. Неколку луѓе загинаа по ерупцијата, но точниот број се уште не е познат. Според последните информации се работи за 10 лица.
„По ерупцијата, имаше и прекин на електричната енергија. Потоа врнеше дожд, проследено со силни молњи, што предизвика голема паника кај луѓето кои се во близина на вулканот “, изјави за Ројтерс Хади Виџаја , портпарол на тамошниот вулканолошки центар.
Ерупцијата на овој вулкан зафати седум околни села чии жители беа евакуирани, но девет од нив го загубија животот, според досегашните сознанија. Огнена лава и вжештени камења ги погодија селата на оддалеченост од четири километри од кратерот.
Селата најблиску до планината Левотоби се целосно покриени со вулканска пепел, а властите потоа одлучија да ги евакуираат жителите на селата кои се оддалечени 10 или повеќе километри од кратерот.
Во мај оваа година, вулканот Ибу еруптираше на индонезискиот остров Халмахера, исфрлајќи пепел четири километри во воздухот.