Свет

Путин: Кина е сојузник на Русија, стратешкото партнерство со Северна Кореја е знак на стабилност

Путин: Кина е сојузник на Русија, стратешкото партнерство со Северна Кореја е знак на стабилност

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска на пленарната седница на Меѓународниот клуб за дискусија „Валдаи“ во Сочи ја опиша Кина како сојузник на Русија и порача дека никој нема да ги раскине нивните врски.

Двете земји не прогласија формален воен сојуз, но Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг потпишаа договор за партнерство без ограничувања до 2022 година, помалку од три недели пред Путин да го започне нападот врз Украина, објави Ројтерс.

Во мај оваа година тие се согласија да го продлабочат, како што го нарекоа, „сеопфатно партнерство и стратешка соработка“ за нова ера, соопшти агенцијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни