20-годишното момче, кое беше тешко повредено при пукањето во Арачиново на 1 ноември, е пуштено на домашно лекување. Во истиот инцидент беше убиен неговиот татко.
Според соопштение од ТОАРИЛУЦ, момчето е во добра здравствена состојба по успешна хируршка интервенција и е отпуштено од болница.
Од страна на Секторот за внатрешни работи – Скопје, на 3 ноември беше објавено дека е расчистено убиството и обидот за убиство. Осомничени се две лица, на возраст од 23 и 31 година, кои на подмолен начин со огнено оружје го убиле 56-годишниот маж и се обиделе да го убијат неговиот син. Убиството е резултат на нерасчистени долгови во висина од 7.000 евра, кои убиениот ги имал кон таткото на осомничените.