По неколкудневно барање, 24-годишниот К.У., против кого претходно беше поднесена кривична пријава за дела поврзани со семејно насилство, денеска доброволно се предал во СВР Битола.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициските службеници, во координација со неговиот бранител и Основното јавно обвинителство Битола, презеле мерки за да се овозможи негово доброволно предавање.
К.У. се предал денеска во 12 часот, по што бил лишен од слобода. Со него се врши службен разговор од страна на инспектори од криминалистичката полиција при СВР Битола.
Против него на 11 ноември 2026 година била поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Загрозување при семејно насилство“ по член 144 став 3 и „Телесна повреда при семејно насилство“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик.
Од полицијата посочуваат дека се преземаат дополнителни мерки и активности во координација со надлежното Основно јавно обвинителство Битола.
Инаку, на 10.11.2026 година во 23 часот и 10 минути во СВР Битола, 21-годишна битолчанка пријавила дека околу 17 часот била физички нападната од нејзиниот партнер К.У. Според пријавеното, тој подолг временски период физички и психички ја малтретирал и ѝ упатувал закани. Во моментот на пријавувањето, во СВР Битола доброволно дошол и пријавениот К.У. заедо со негов родител. При преземањето службени дејствија од страна на полициските службеници, со намера да биде лишен од слобода, лицето преку отворен прозорец избегало од просторијата за развод.