Македонија

Нормализирано снабдувањето со струја во делови од Скопје, дефектот саниран

Нормализирано снабдувањето со струја во делови од Скопје, дефектот саниран

Снабдувањето со електрична енергија во Скопје е нормализирано по прекинот што траеше неколку часа попладнево, информираат од „Електродистрибуција“.

Прекинот бил предизвикан од дефект во населбата Волково, каде испаднал 10-киловолтен кабел, што довело до прекин на неколку трафостаници.

Без струја беа населбите Ѓорче Петров, Волково, Стопански двор, Водно, Црниче и неколку села.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни