Утрово драма во Арачиново, дознава 4NEWS.mk од свои извори.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека две лица со огнено оружје краток период стоеле пред дом на лице од Арачиново.
Според информациите, немало пукање.
„Денеска (13.11.2024) во 11.35 часот во СВР Скопје А.А. пријавил дека А.Л со уште едно лице, со ПМВ „Голф“ со скопски регистарски ознаки, застанале пред неговиот дом во с.Арачиново, при што држеле огнено оружје, се задржале краток период по што се оддалечиле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.