Македонија

Паничен напад го спречи сведокот Трајковски да сведочи за случајот на Вања и Панче

Паничен напад го спречи сведокот Трајковски да сведочи за случајот на Вања и Панче

Сведокот Гоце Трајковски, кој требаше да даде исказ за настаните поврзани со случајот, не се појави во судницата на денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче.

Според неговата мајка, Кираца Трајковска, која исто така е сведок, Гоце утрово доживеал паничен напад, што го спречило да присуствува на судењето.

Гоце Трајковски беше еден од првите кои се вклучија во потрагата за 14-годишната Вања. Тој му помагал на нејзиниот татко Александар Ѓорчевски во обидите да ја пронајдат Вања, која беше исчезната пред да биде откриено дека е убиена.

Во моментов сведочи Зоран Ѓорчевски, таткото на Александар Ѓорчевски, односно дедото на Вања.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни