Свет

Почна воздушниот напад на Киев: Одекнуваат експлозии, американската амбасада затворена!

Почна воздушниот напад на Киев: Одекнуваат експлозии, американската амбасада затворена!

Украинските единици за воздушна одбрана се обидуваат да го одбијат рускиот воздушен напад врз Киев, соопшти воената управа на главниот град на Украина. Очевидци потврдија за Ројтерс дека слушнале неколку експлозии.

Укринфром јавува дека во Киев е на сила воздушна тревога и дека во главниот град се слушаат експлозии.

Украинската армија ги предупреди граѓаните и за беспилотни летала над Киев.

Америка ја затвори амбасадата Америка привремено

ја затвора својата амбасада во Киев откако доби, како што вели, „конкретни информации за потенцијален голем воздушен напад на 20 ноември“.

-Превентивно, амбасадата ќе биде затворена, а на вработените во амбасадата им е наредена евакуација. Американската амбасада препорачува американските граѓани да бидат подготвени за евакуација во засолништата во случај да биде издадена воздушна тревога, се наведува во соопштението.

Веста доаѓа само неколку дена откако администрацијата на Џо Бајден објави дека ќе дозволи Украина да ја таргетира Русија со американско оружје.

Москва вчера објави дека Украина ја погодила Русија со шест ракети со долг дострел ATACMS, испорачани од САД.

Зеленски: Украина ќе ја изгуби војната ако САД ја прекинат поддршката

Ако САД престанат да го поддржуваат Киев, Украина ќе ја загуби војната против Русија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во интервју за Фокс њуз, тој рече дека, иако Украина има сопствено производство на оружје, тоа не е доволно и дека Киев ќе продолжи да се бори без оглед на одлуката на САД.

– Ако ја намалат (помошта), мислам дека ќе изгубиме. Имаме производство, но тоа не е доволно за да победиме. И мислам дека тоа не е доволно за опстанок, рече тој.

Зеленски истакна дека првите денови од војната биле најтешки и дека се ќе зависи од единството на Украина и Европа, особено од единството на Киев и Вашингтон.

Пентагон синоќа објави дека американскиот Стејт департмент одобрил потенцијална продажба на воена опрема и услуги на Украина во вредност од 100 милиони долари.

Бајден одобри испорака на противпешадиски мини во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден одобри испорака на противпешадиски мини во Украина, објави денеска Вашингтон пост, повикувајќи се на двајца американски претставници.

Еден од изворите рече дека Украина ветила дека нема да користи мини во густонаселените области.

Пентагон верува дека обезбедувањето мини е еден од клучните чекори што ги презема администрацијата на Бајден за да ги забави руските напади врз Украина, додаваат изворите.

Ниту Русија, ниту Соединетите Американски Држави не се потписници на Конвенцијата од Отава, позната и како Договор за забрана на мини, со која се забранува распоредување и пренос на противпешадиски нагазни мини, а властите истакнуваат дека „Русија секако ги користи“.

Во 2022 година, Бајден ја потврди американската политика за забрана на пренос и употреба на американски противпешадиски мини надвор од Корејскиот Полуостров.

Руската армија во текот на ноќта пресретнала повеќе од 40 украински беспилотни летала

Во текот на ноќта руската армија пресретнала повеќе од 40 украински беспилотни летала над Русија, соопштија од Министерството за одбрана и локалните власти.

Како што се наведува во соопштението на руското Министерство, дежурните системи за противвоздушна одбрана уништиле и пресретнале 44 украински беспилотни летала над руска територија, пренесува РИА Новости.

Од нив, 20 беспилотни летала се уништени над територијата на Новгородската област, пет беспилотни летала се уништени над регионот Курск, четири биле уништени над регионот Орила, три беспилотни летала биле соборени над регионите Белгород, Тула и Твер и по два над Брјанск, Москва и област Смоленск, се наведува во соопштението.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни