Бизнис

„Уника“ го продава осигурителниот бизнис во Македонија

„Уника“ го продава осигурителниот бизнис во Македонија

„Уника иншуренс груп“ (UNIQA Insurance Group AG) одлучи да го продаде својот осигурителен бизнис во Македонија, Албанија и Косово. Во информацијата објавена на терминалот на „Блумберг“ се вели дека како дел од своето стратешко управување со портфолиото „Уника иншуренс груп“ континуирано ги оценува сите пазари на кои е активна во однос на нивните перспективи.

Управниот одбор и Надзорниот одбор на „Уника иншуренс груп“ одлучиле да го продадат целото учество на „Уника“ во „Сигал Уника груп Австрија“ (90 отсто од акциите) на Авни Понари, основач и малцински акционер на „Сигал груп Австрија“.

Договорот за купопродажба на акции се очекува да биде потпишан во наредните денови. Набавната цена е предмет на доверливост.

Извор: Блумбер Адриа

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни