Свет

Кремљ: Лансирањето хиперсонична ракета против Украина беше предупредување за Западот

Кремљ: Лансирањето хиперсонична ракета против Украина беше предупредување за Западот

Кремљ денеска соопшти дека нападот на украинска територија со нов тип хиперсонична балистичка ракета е предупредување за Западот дека Москва ќе возврати на одлуките на САД и Велика Британија да му дозволат на Киев да ги истрела нивните ракети кон Русија, објави Ројтерс.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ова го изјави еден ден откако претседателот Владимир Путин изјави дека Москва истрелала нов тип ракета, наречен Орешник, врз украински воен објект.

Песков додаде дека Русија не е должна да ги предупреди САД за нападот, но прецизира дека сепак ги известила САД 30 минути пред лансирањето на ракетата, пишува БТА.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни