Свет

Русија: Украина не гаѓа со американски ракети АТАКМС

Русија: Украина не гаѓа со американски ракети АТАКМС

Украина во изминатите три дена двапати ја гаѓаше Русија со американски ракети АТАКМС и затоа подготвува одмазднички мерки, соопшти во вторник руското Министерство за одбрана.

Министерството забележува дека и во двата случаи цел биле позициите на руските сили во областа Курск.

Првиот напад беше извршен на 23 ноември, а два од петте проектили лансирани кон рускиот противвоздушен систем С-400 ја погодија целта, оштетувајќи го радарскиот систем.

Вториот напад на 25 ноември беше насочен кон аеродромот Курск-Восточни, каде што се наоѓа воената база.

Еден проектил ја погодил целта, а двајца војници се ранети, се наведува во соопштението на руското Министерство.

„Министерството ја контролира ситуацијата, се подготвуваат одмазднички мерки“, велат од Министерството.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни