Шефот на германската дипломатија Аналена Бербок денеска за време на посетата на Пекинг ја предупреди Кина дека ја поддржува Русија во војната против Украина, соопшти германското Министерство за надворешни работи.
Таа се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, со кого разговараше за наводите дека Кина и испорачува на Русија дронови или компоненти за беспилотни летала, објави Дојче веле.
Германскиот министер оцени дека рускиот претседател Владимир Путин ја вовлекува Азија во војната на неговата земја со Украина.