Израел изврши серија воздушни напади во јужен Либан, како одговор на ракетните напади на Хезболах во близина на набљудувачка кула, отфрлајќи ги обвинувањата за прекршување на примирјето.
„Слушаме тврдења дека Израел го прекршува договорот за прекин на огнот во Либан. Напротив, само спроведуваме одговор на прекршувањата на Хезболах. Нагласувам-ние сме посветени на успешно спроведување на прекинот на огнот, но нема да прифатиме враќање на ситуацијата како што беше на 6 октомври минатата година“, изјави Гидеон Саар – министер за надворешни работи на Израел.
Пентагон соопшти дека и покрај неодамнешните инциденти, примирјето се одржува. Франција и Саудиска Арабија бараат претседателски избори во Либан со цел да се спроведат реформите неопходни за стабилноста и безбедноста на земјата.
Во истовреме во Газа продолжија воздушните напади. Трамп изјави дека Блискиот Исток ќе плати „пеколна цена“ ако Хамас не ги пушти заложниците пред неговата инаугурација на 20 јануари.