Свет

Во новогодишни елки и играчки пронајдени марихуана и хашиш во вредност од над 500.000 евра

Во новогодишни елки и играчки пронајдени марихуана и хашиш во вредност од над 500.000 евра

Во минијатурни новогодишни елки и играчки пронајдени се марихуана и хашиш во вредност од над 500.000 евра, соопштија германските цариници на аеродромот во Келн/Бон.

Дрогата, близу 19 килограми марихуана и околу 6 килограми хашиш со потекло од САД и Канада, била откриена вчера рано наутро.

Денот на Свети Никола во Германија се слави на 6 декември, кога децата ги добиваат првите подароци за божиќните и новогодишните празници.

„Шверцерите постојано се обидуваат да сокријат огромни количини од нивните пратки со дрога во божиќни пакети“, се вели во соопштението.

Дрогата пронајдена во осум одделни пратки е уништена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни