Свет

Трамп зборуваше за Сирија и Асад! „Неговиот заштитник Русија, на чело со Путин…

Трамп зборуваше за Сирија и Асад! „Неговиот заштитник Русија, на чело со Путин…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп зборуваше за бегството на сирискиот претседател Башар ал Асад од земјата откако бунтовничките сили го зазедоа Дамаск. Во објава на платформата Truth Social, Трамп ја коментираше ситуацијата, тврдејќи дека Асад ја изгубил поддршката од Русија.

– Асад си замина. Ја напушти својата земја. Неговиот заштитник Русија на чело со Владимир Путин повеќе не е заинтересирана да го заштити – напиша Трамп.

Во соопштението Трамп посочи дека Русија никогаш немала причина да биде присутна во Сирија, наведувајќи дека изгубила интерес поради војната во Украина.

– Русија го загуби интересот за Сирија затоа што се фокусираше на Украина, каде близу 600.000 руски војници лежат ранети или мртви, во војна која никогаш не требаше да започне и може да трае вечно – додаде Трамп.

Зборувајќи за ситуацијата во регионот, Трамп оцени дека и Русија и Иран во моментов се ослабени.

– Русија е во слаба состојба поради Украина и лошата економија, додека Иран е ослабен поради конфликтот со Израел и успехот на израелските сили – заклучи тој.

Бегството на Башар ал Асад од Сирија дојде откако бунтовниците ги зазедоа клучните градови, вклучувајќи ги Хомс и Дамаск. Се уште не е позната локацијата на Асад.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни