Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави денеска дека украинскиот лидер Володимир Зеленски сака „договор“ за ставање крај на војната со Русија, пренесе АФП.
Зеленски и Украина би сакале да склучат договор и да го запрат лудилото“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.
Вчера Трамп разговараше во Париз со Зеленски и францускиот претседател Емануел Макрон.
Според следниот американски претседател, меѓу Украина и Русија треба да има „итно прекин на огнот“, а двете завојувани земји да започнат преговори.
„Премногу животи беа непотребно потрошени, премногу семејства се уништени, а ако вака продолжи, може да се претвори во нешто многу поголемо и многу полошо“, напиша Трамп.
Трамп ја коментираше и ситуацијата во Сирија. Според него, сирискиот претседател Башар Асад побегнал од земјата откако ја изгубил поддршката од Русија.
„Асад го нема. Неговиот заштитник Русија, на чело со Владимир Путин, повеќе не е заинтересирана да го заштити.