Бројот на жртвите во експлозијата во рафинеријата на енергетската компанија Ени во градот Каленкано, во близина на Фиренца, се искачи на четири, откако рано утринава беа пронајдени телата на уште две жртви, изјавија извори за агенцијата Анса.
Уште едно лице е исчезнато по вчерашната експлозија, во која беа повредени девет лица.
Тројца од деветте се во многу тешка состојба, соопштија локалните здравствени власти.