Свет

Вашингтон во паника! Ким и Путин постигнаа нов договор!

Вашингтон во паника! Ким и Путин постигнаа нов договор!

Највисокиот американски воен командант во Пацификот, адмирал Самуел Папаро, изјави дека Русија постигнала договор со Северна Кореја да испрати борбени авиони МиГ-29 и Су-27 во Пјонгјанг во замена за севернокорејските војници да и помагаат на официјална Москва на украинскиот фронт.

Папаро рече дека Русија и нуди на Северна Кореја „импресивни борбени авиони од раната четврта генерација“, но не го прецизираше бројот на борбени авиони, пишува „Еуроњуз тајмс“.

За возврат, Пјонгјанг веќе испрати околу 12.000 војници да се борат заедно со руските војници во Украина.

Папаро нагласи дека воената помош била понудена доброволно од Северна Кореја, без стимулации од Москва.

Според Папаро, Пјонгјанг би можел да таргетира напредни воени технологии, вклучувајќи возила за испорака на балистички ракети, модерни подморници и напредни системи за противвоздушна одбрана, што би ја подобрило воената положба на Северна Кореја во регионот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни