Свет

Хорор во зоолошка во Романија: Тигар уби чувар, итните служби не можеле ништо да направат!

Хорор во зоолошка во Романија: Тигар уби чувар, итните служби не можеле ништо да направат!

Трагичен инцидент во зоолошка градина во Романија.

Во зоолошката градина во Питешти животот го загуби 52-годишен чувар откако го нападна тигар. Инцидентот се случил кога чувар, не почитувајќи ги безбедносните протоколи, влегол во кафезот на тигарот додека носел храна. За жал, Брзата помош не успеала да го спаси животот на несреќниот чувар.

Полицијата покрена истрага за околностите на овој трагичен настан, додека градоначалникот на Питешти нареди привремен прекин на активностите во зоолошката градина за да се спроведе детална истрага. Во меѓувреме, зоолошката градина е затворена за јавноста додека е во тек полициска истрага. Во соопштението на зоолошката градина се нагласува нејзината посветеност на одржување на највисоките безбедносни стандарди со цел да се спречат слични трагедии во иднина.

Ова не е првпат во романските зоолошки градини да има инциденти со тигри. Пред 24 години, во 2000 година, тигар избегал од истата зоолошка градина во Питешти поради тоа што не ја заклучил вратата. За среќа, тигарот брзо бил лоциран и вратен во својот кафез.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни