Сириските бунтовници, кои на чело со Абу Мохамад ал Џолани ја соборија владата на претседателот Башар ал Асад и го принудија да ја напушти земјата, денеска објавија дека нема да одредат што ќе носат жените и ветија дека на сите ќе им гарантираат слобода.
Во соопштението објавено на социјалните мрежи, раководството на бунтовниците наведува дека е строго забрането мешање во начинот на облекување на жените.
„Строго е забрането да се меша во облекувањето на жените или да се наметнуваат какви било барања во однос на нивната облека или изглед“, изјавиле тие, пренесува Индекс.
Во соопштението се нагласува и дека личната слобода е загарантирана за сите Сиријци и дека почитувањето на човековите права е основа за градење цивилизирана нација, а најавено е и воведување на нулта толеранција за насилството врз новинарите. За закани кон претставници на медиумите е планирана затворска казна од една година.
Абу Мохамед ал Џолани ги прекина своите врски со Ал Каеда и сега се залага за различност и толеранција.