Свет

Италијанската мафија заработува милијарди од туризмот

Италијанската мафија заработува милијарди од туризмот

Мафијашките организации заработуваат 3,3 милијарди евра од туризмот во Италија, покажува истражувањето на институтот за испитување на јавното мислење Демоскопика и објавено денеска.

Прометот и профитот на мафијата ќе се зголемат следната година, јубилејна за Римокатоличката црква, со милиони аџии се очекуваат во Рим и 2026 година, кога ќе се одржат Зимските олимписки игри на северот на земјата.

Според истражувањата, мафијашката организација која најмногу профитира од туризмот е калабриската Ндрангета, која заработува повеќе од 1,6 милијарди евра годишно. Камора, која работи главно во Неапол и околниот регион Кампанија, заработува повеќе од 950 милиони евра.

Организациите или поседуваат удели во хотели и ресторани или изнудуваат „пари за заштита“ од легитимни бизниси.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни