Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја критикуваше Украина за употребата на американски ракети за напади длабоко на руска територија во интервју за магазинот Тајм објавено во четвртокот, сугерирајќи дека ќе ја промени американската политика кон Украина.
– Ова што се случува е лудо. Лудо. Апсолутно не се согласувам со испраќање ракети стотици милји во Русија. Зошто го правиме тоа? Ние само ја ескалираме војната и ги влошуваме работите. Ова не требаше да се дозволи – изјави Трамп во интервју за Тајм, кој го прогласи за личност на годината.
Претседателот Џо Бајден минатиот месец ја укина американската забрана за Украина да користи американски ракети со поголем дострел за да напаѓа длабоко во Русија. Трамп рече дека би сакал брзо да ја запре војната во Украина, која трае речиси три години. Тој за Тајм изјави дека има „многу добар план“, но дека „ќе биде речиси безвреден“ ако го открие сега. Тој исто така рече дека бројот на луѓе кои умираат во војна не е одржлив.
– Зборувам за двете страни.
„Навистина е победа-победа за двете страни да го завршат тоа“, рече тој.