Свет

Речиси 45 тони канабис се пронајдени во магацин во Калифорнија

Речиси 45 тони канабис се пронајдени во магацин во Калифорнија

Речиси 45 тони канабис пронајде полицијата во понеделникот во складиште во сојузната држава Калифорнија во САД, но сопственикот на дрогата не е идентификуван, се вели во соопштението за печатот објавено во средата од полицијата на округот Сан Бернардино. , пренесе агенцијата Франс прес.

Полицијата била повикана од соседите кои почувствувале силен мирис на канабис кој се шири од новоизградениот магацин каде дрогата била спакувана во вреќи за ѓубре.

За преместување на робата биле потребни два дена и 51 патување со полициски камиони.

Непознат е сопственикот на хангарот во кој е пронајдена дрогата со пазарна вредност од над 100 милиони долари. Според полицискиот детектив во Сан Бернардино, Крис Басет, откритието ја збунило полицијата.

Канабисот е легален во Калифорнија, но комерцијалното одгледување бара дозвола.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни